Македонија 15. јуни 2020. / 09:53

Села и Гаши ја почнаа кампањата со слоганот „Сега е време“

Села и Гаши ја почнаа кампањата со слоганот „Сега е време“

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива информира дека ја започна својата политичка кампања за предвремените парламентарни избори во земјава со мотото „Сега е време“.

„Дојдено е времето за демократија и кај Албанците. Сега е време за промена кај Албанците.
Сега е време за еднакви права, за еднакви инвестиции. Сега е време за правда која не ги бира граѓаните според етничка, политичка и верска припадност.Сега е време за квалитетно образование, за квалитетно здравје.Сега е време за држава за сите“, соопшти коалицијата предводена од лидерот на „Алијанза за Албанците“, Зијадин Села и лидерот на „Алтернатива“, Африм Гаши.