Македонија 10. јуни 2020. / 14:01

Ахмети: Време е за целосна еднаквост, време е за првиот албански премиер

Ахмети: Време е за целосна еднаквост, време е за првиот албански премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја претстави својата предизборна идеја за Албанец на функцијата премиер на државата.

-Сега е време да продолжиме да сонуваме. За поголеми соништа, затоа што дојде време да постигнеме уште повеќе. Северна Македонија е нашата земја. Местото за кое се боревме. Имаме еднаков удел во историјата, наследството, економијата и иднината на нашата земја. Сега е време за целосна еднаквост, за преземање одговорност за водење! Време е за првиот албански премиер во Северна Македонија!, рече Ахмети.

Ахмети додаде дека оваа идеја е поголема од која било партија.

-Оваа идеја нема никаква врска со ДУИ и секако не со мене. Јас сум тука да го продолжам животот на процесот, да го водам концептот, да станам мост и да го трасирам патот, создавајќи услови за реализација на сонот, додека на вас останува да го спроведете. Јас ќе посеам за да можете да жнеете, изјави Ахмети.