Македонија 20. октомври 2019. / 21:58

Ахмети: Попис по изборите на 12 април

Ахмети: Попис по изборите на 12 април

По лидерската средба, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека сите политички партии се согласиле со тоа дека единстената наша алтернатива е ЕУ и да не биде загрозен нашиот евроатлантски пат и дека заеднички интерес е најпрво да се ратификува протоколот за наше членство во НАТО од сите земји членки и од нашето Собраните и да се усвои законот за одбрана.

Заеднички е одлучено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април наредната година. Битно е изборите да бидат фер и демократски. Значајно е да се почитува датумот за изборите и потоа да се види кога ќе биде можно да се спроведе и попис – изјави Ахмети.