Лидерот на ДУИ, после средбата со министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Чакај, на прес-конференција со новинарите, рече дека нема судири меѓу владејачката коалиција. Тој понатаму додаде дека на земјата и е потребен интегритет, а не поделба и неединство.
Не постои судир меѓу коалиционите партии, може да постојат разлики во некои точки кои не го нарушуваат интегритетот или моралот на ниту една од страните, но нема судири. Земјата има потреба од поголем интегритет и дијалогот меѓу страните, како на оние што се на власт така и на оние кои се во опозиција. Не може да биде исклучена од овие процеси ниту опозицијата. Претседателот на Собранието е познат како најголем институционалист во земјата, човекот кој го почитува деловникот на Собранието и воопшто нема простор за инсталирање конспирации. Нема теориии на заговор , изјави Али Ахмети.