Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Една од најинтересните теми кои се коментираа вечерва е коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ на Алијанса за Албанците и на Алтернатира.
Најпрво Ахмети коментираше за случувањата во својата партија во ДУИ. Тој рече дека не постои незадоволство.
– Не мислам дека постои незадоволство, може да има забелешки, но не од големи размери, рече Ахмети кој напомена дека не верува дека членовите на ДУИ ќе го рушат својот „дом“.
На новинарското прашање, што мисли Ахмети за обединувањето на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, лидерот на ДУИ го кажа следново за Алијанса на Албанците и Алтернатива:
– Тие имаат свои политики, своја стратегија, малку ми е интересно бидејќи беа против ВМРО, а сега, вистина е тоа што го најавивте, ми изгледа интересно, и чудно исто така бидејќи цела борба беше против ВМРО, против ДУИ што беше едно време во коалиција со ВМРО, а сега прават стратешко партнерство, тоа е за анализирање, вели Ахмети, напоменувајќи дека воопшто не стравува од една таква алијанса.
Продолжи да зборува околу овие две партии од албанскиот блок:
– Тоа никогаш не ме загрижувало. Колку повеќе се мобилизираат против ДУИ толку ДУИ станува посилна, искоментира Ахмети кој рече дека таа коалиција нема да успеат да ја симнат ДУИ од власт.
Ахмети одби да каже дали е вистина дека има договор меѓу ДУИ и СДСМ за престојните локални избори.
– Сега не можам да зборувам за деталите, рече Ахмети