Македонија 20. септември 2018. / 18:09

Ахмети до Робертсон: На 30 септември го менуваме името на државата

Ахмети до Робертсон: На 30 септември го менуваме името на државата

Одлуката на 30 септември е историска, а шансата за да ја обезбедиме иднината на нашата младина е сега или никогаш. Посветени сме на успехот зашто интеграцијата на Македонија во евроатланските структури е апсолутен приоритет на сите граѓани и носи мир, безбедност, стабилност, но и економски развој, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен министер за одбрана на Велика Британија, лорд Џорџ Робертсон.

На средбата, како што соопшти ДУИ, присуствувал и командантот на НАТО во Македонија во 2001 година, генерал сер Берни Вајт Спанер.

– Ахмети изрази благодарност за големиот придонес на лордот Робертсон и генералот Берни во достигнувањето на прагот за членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Соговорниците дискутираа и за регионалните случувања, со посебен акцент на дијалогот Приштина – Белград, наведува ДУИ.