Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека се консултираат европски специјалисти за Законот за државјанство и дека се водат дискусии за истиот. Коментирајќи ја најавената блокада на албанската опозиција за секој закон кои ќе влезе во парламентарна процедура, како одговор на големиот број измени и дополнувања поднесени на закон Законот за државјанство од страна на македонските партии, Ахмети смета дека на овој процес треба рационално да му се пристапи.
-Во никој случај не треба да се партизира или да се политизира прашањето за Законот за државјанство. Не е добро да се прават блокади и да се демонстрира лажен патриотизам, ниту Македонците, ниту Албанците. Трба рационалност, за одржливи решенија, изјавил Ахмети пред новинарите во тетовско Теарце, каде заедно со вицепремиерот Артан Груби, и министерката за образование и наука, Мила Царовска присустуваше на пуштањето на новоизградената спортска сала во основното училиште „Фаик Коница“ во с.Доброште.
Инаку, албанската опозиција АА и ААА објави блокирање на секој предлог Закон кои ќе влезе во парламентарна процесура, бидејќи според нив, законот за државјанство предложен од нив, како што истакнуват е поважен од било кој друг закон.