Македонија 03. април 2020. / 14:28

„Аџибадем Систина“: Министерот Филипче погрешно ги наведува граѓаните, времето ќе покаже која е позадината на ваквите манипулации

„Аџибадем Систина“: Министерот Филипче погрешно ги наведува граѓаните, времето ќе покаже која е позадината на ваквите манипулации

Односот на министерот за здравство Венко Филипче е крајно непрофесионален. Со неговите изјави од позиција на министер гази по сериозен бренд како што е „Аџибадем Систина“. На крајот ќе заслужи и кривична пријава за загрозување на јавно здравје затоа што погрешно ги наведува граѓаните и ги одвраќа да прават масовен скрининг како што се прави во сите земји со позитивно искуство во справувањето со ситуацијата (Јужна Кореја, Холандија, Велика Британија, Кина…), регираат од болницата „Аџибадем Систина“.

Министероот за здравство претходно изјави дека според препораките на СЗО како заболен пациент се смета само тој кај кого е регистрирано присуството на вирусот.

Тестовите на антитела само поставуваат сомневање дека некој е носител на вирус и затоа кај сите што ги прават овие тестови мора задолжително да се направи тестот за присуство на вирусот, за да се потврди или не болеста, односно носителството на вирусот и врз основа на тоа да се влезе во регистарот на заболени во нашата земја. Тоа е критериумот не само во нашата земја, туку во сите земји во светот, согласно препораките на СЗО – изјави Филипче.

И од „Аџидадем Систина“ велат дека брзиот тест покажува присуство на антитела „IGm“ и „IGg“ кои укажуваат дека лицето било во контакт со вирусна инфекција, а не сомневање дека лицето било заразено, како што вели министерот.

По тој тест, што е неопходен за масовно тестирање на населението, според препораките на СЗО, дополнително се прави детектирање на вирусот со молекуларен тест.

Позади ова толкување на резултатите на брзиот тест стојат СЗО, американската ФДА, а на локално ниво сериозни медицински авторитети, како професорите Даниловски, Димов, Докиќ…

Со тоа што одбива масовно тестирање на населението, министерот избира стратегија на потценување на секоја здрава логика. Како знае дали заразата „посакувано“ линеарно расте, а не се можеби бројките сосема поинакви, кога нема доволно брзи тестирања и резултаати на што поголем број граѓани? Времето ќе покаже која е позадината на ваквите манипулации на министерот – се вели во реакцијата на „Аџибадем Систина“.