Министерството за образование и наука во моментов ги собира податоците колку моделот комбинирана настава со онлајн може да функционира.
Министерот за образование Арбер Адеми денеска во изјава за повеќе медиуми рече дека ваквите модели треба дополнително да се разгледаат и да се види што е најдобро за да се искристализираат некои прашања и дилеми.
На пример, од прво до трето имаме голем број ученици во одредени паралелки, треба да се поделат на групи и да се почитуваат протоколите кои веќе се подготвени од страна на МОН. Потоа треба да се види што значи мал број ученици и во други општини. Тука мислиме на другите ученици од четврто до деветто одделение или за средните училишта каде што има мал број ученици, изјави Адеми за Телма.