Македонија 13. јуни 2020. / 16:00

Адеми: И дете ќе се запраша зошто на вчерашната лидерска средба немаше Албанец

Адеми: И дете ќе се запраша зошто на вчерашната лидерска средба немаше Албанец

Министерот за образование, Арбр Адеми, истакна дека неговата партија ДУИ очекува на претстојните избори да биде одлучувачки фактор што ќе преговара за позицијата прв албански премиер во земјава.

Тој забележа и на тоа што на вчерашната средба кај претседателот Стево Пендаровски присуствувале само Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а во преговорите не бил вклучен претставник на Албанците.

Вчера сведочевме за една неуспешна моноетничка средба, а тоа е главната причина поради која што сакаме да го срушиме столбот на резервираната моноетнизација на раководните позиции. И дете ќе се праша зошто на вчерашната лидерска средба немаше Албанец. Премиер Албанец ќе биде модел за сите наши идни генерации. Премиер Албанец ќе стави крај на моноеничкото општество во земјава – изјави Адеми.

Тој ги повика албанските политички партии да се обединат околу оваа идеја на ДУИ, која, како што наведе, е барање сега, а ќе биде и по завршување на изборниот процес.