Македонија 09. јануари 2020. / 09:41

Адеми: До мај чист колекторски систем кој нема да го загадува Охридското езеро

Адеми: До мај чист колекторски систем кој нема да го загадува Охридското езеро

Министерот задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми соопшти дека од состанокот во Баку до денес се реализирани голем дел од препораките што Македонија ги доби од УНЕСКО.. Како што појасни Адеми, прво што е направено е што е укинат проектот за ски центар на Галичица, а некои траси се променети за да не се уништи природното богатство во тој дел од Охрид.

Адеми за „Утрински брифинг на „Слободен печат“ изјави дека до мај треба да има чист колекторски систем, кој нема да го загадува езерото и додава дека Железницата е дел од плановите за Охридскиот регион.

– Дивоградбите се само еден сегмент, можеби и најболен. Не сите од нив се проблематични. Се прави нивен регистер. После тоа експертите треба да направат проценка на влијанието на животната средина. На 1 февруари треба да ги информираме УНЕСКО за прогрес извештајот. Очекувам констатација во имплементација на препораките. И тие знаат дека не може дивоградбите да ги урнете преку ноќ. Но оние кои имаат влијание врз животната средина ќе мора да бидат отстранети – изјави Адеми