Македонија 10. април 2019. / 15:18

83,7% од испитаниците би се иселиле од државата, покажува анкетата на „Макфакс”

83,7% од испитаниците би се иселиле од државата, покажува анкетата на „Макфакс”

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе анкета со прашање „Дали би се иселиле од државава“ во траење од 24 часа, односно во периодот од 9 април до 10 април на пладне, а спроведена на 15 веб-страници.

Најголем дел од испитаниците, или 71, 3% одговориле дека доколку се во можност би ја напуштиле државата, и тоа засекогаш.

12,4 % проценти би заминале од државата, но тоа би било само привремено, односно би се вратиле назад.

11% од испитаниците кажале дека никогаш не би ја напуштиле државава, а 5,3 проценти кажале дека не размислувале досега за ова прашање.

Додека траеше анкетата, гласале односно одговориле на прашањето вкупно 9.051 испитаници, од кои повеќето се мажи, 61,2% а жени биле 38,8 проценти.

Најголем дел од учесниците во анкетата се на возрасот од 25 до 34 години, односно дури 40 проценти. Од 35 до 44 години се втората најголема група која учествувала во анкетата, односно 31,5%.