Македонија 29. октомври 2020. / 11:39

50 евра казна ако додека се чека резултат од Ковид тест, не се седи во изолација

50 евра казна ако додека се чека резултат од Ковид тест, не се седи во изолација

Казна од 50 евра ќе добие секој кој не седи во самоизолација додека го чека резултатот од ковид-тестот, предвидува Законот за заштита на населението од заразни болести. Вчера Собранието ги усвои измените на овој Закон.

Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.