Број еден проблем на граѓаните се лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија, вели во интерву за Прес24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тоа што го забележал при теренските посети, вели тој, е дека несигурноста е сеприсутна, а огромен број на семејства едвај врзуваат крај со крај и затоа и се иселуваат.
– За 3 години дури 200 илјади лица ги напуштиле родните огништа и ја побарале среќата некаде надвор. Цели градови дополнително се празнат кога ќе треба да се оствари некоја сеознска работа во европските држави. А луѓето заминуваат затоа што се несреќни и немаат пари. Но пред се затоа што не гледаа иднина. Македонија е меѓу десетте земји со најголема невработеност на млади во Светот. Втор голем проблем е криминалот, корупцијата и неправдите. Македонија има урнисано судство и држава чии правни темели се на стаклени нозе, а тие се такви поради Зоран Заев и криминалните стурктури кои му слугуваат, вели Мицкоски.
Тој додаде дека на овие проблеми ќе понудат решенија и конкретни проекти кои ќе помогнат.