Македонија 15. јуни 2019. / 15:50

Еди Рама јавно се препукува со Стево Пендаровски

Еди Рама јавно се препукува со Стево Пендаровски

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, смета дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ,  изјави Пендаровски за Еуроактив во четвртокот. На што денеска жестоко реагираше албанскиот премиер, Еди Рама.

Претседателот Пендаровски имплицитно се залага за “одвојување од Албанија”? Чудно е да се слушне ова, особено кога се разгледува клучниот придонес на Албанија и Албанците во демократските случувања на нашиот пријателски сосед и европскиот пат. Не звучи добро, ниту искрено!, напиша Рама на Твитер.

Најголем проблем е како да се изведе ова раздвојување. Во Албанија е сега хаос. Опозицијата ги напушти институциите. Што да кажеме ? Ние имавме позитивна препорака од Комисијата и претходно, а и порано сме биле одвоени од Албанија, изјавил Пендаровски за Еуроактив во четвртокот.