Магазин 07. јануари 2021. / 20:44

Зидан во карантин, се очекуваат резултати од ПСР тестот

Зидан во карантин, се очекуваат резултати од ПСР тестот

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е ставен во изолација откако бил во близок контакт со заразен со коронавирус, објави шпанскиот весник ABC.

Реал официјално не го коментираше објавувањето на веста, но според весникот, Зидан дознал за болеста на роднината утрово. Поради оваа причина, тој не се појави на денешниот тренинг на кралскиот клуб“ пред гостувањето кај Осасуна.

Сè уште не е јасно дали самиот Зидан е заразен. Французинот денеска направил тест и неговиот резултат ќе го дознае утре.