Утрово во 5,07 часот во Маврово повторно беше регистриран земјотрес, овојпат од 2,6 степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, 20 километри југозападно од Гостивар, во Мавровскиот регион.
На 11 ноември беше регистриран досега најсилниот земјотрес во овој регион од 4,9 степени. На 22 декември беше почувствуван уште еден земјотрес, со јачина 3,3 степени и епицентар кај мавровското село Леуново.