Магазин 26. март 2019. / 12:54

Заради забранети активности „фејсбук“ укина илјадници профили од Македонија

Заради забранети активности „фејсбук“ укина илјадници профили од Македонија

Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска објави дека укинува околу 2.600 кориснички профили и страници од Македонија, Косово, Русија и Иран, заради, како што се наведува, „координирано неавтентично однесување“. Во соопштението се наведува дека заради поврзаност со Иран се укинуваат повеќе од 500, а со Русија околу 2.000 профили од „фејсбук“ и „инстаграм“. Било утврдено дека сите дејствувале на сличен начин, односно регистрирале мрежа од лажни профили коишто ги користеле за влијание  врз останатие корисници.

-Ние постојано работиме на откривање и запирање на овој вид на активност, бидејќи не сакаме нашите услуги да се користат за манипулација со луѓето- се наведува меѓудругото во соопштението од „Фејсбук“.

Во информацијата од раководството на социјалната мрежа објаснуваат дека бришењето на профилите не е направено заради содржините на постовите туку заради „спамување“ со несоодветна содржина, односно испраќање на разни содржини, спротивни на политиката на „фејсбук“, до останатите корисници на социјалната мрежа.