Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дел од својот годишен одмор го поминува во селото Љубојно, во Преспа.
Дома си е дома, дома е и во Љубојно во Преспа. Медот е од Бујар, баклавата ја правеше мајка му на Линдим, а рибата ја спреми тетка Лилјана, мајката на Васко. Голема благодарност за гостопримството и одличната храна и до Борјан и до градоначалникот Живко. Цело е кога има се, напиша Заев на Фејсбук.