Магазин 03. април 2019. / 12:21

Заев му се пофали на Ципрас дека ќерка му има дечко

Заев му се пофали на Ципрас дека ќерка му има дечко

Голем дел од грчките медиуми, весниците, телевизиите, радијата, испратија свои новинари во Скопје за одблиску да ги следат активностите на делегацијата министри и бизнисмени предводена од Алексис Ципрас.

Детално и опширно известуваа како за првата заедничка седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји и потпишаните договори, така за одржаниот бизнис форум, но и за сето она што беше вон протоколот.

Особено внимание, телевизиите во Грција му посветија на дијалогот меѓу премиерите во кабинетот на Заев за децата на премиерот на Северна Македонија и делот во кој вели дека ќерка му има 18 години и има момче, на што Ципрас му одговара: „Тоа е животот, Зоран“.