Магазин 16. мај 2019. / 19:59

Заев државнички: Ја повикувам македонската дијаспора да гласа за Тамара на Евровизија

Заев државнички: Ја повикувам македонската дијаспора да гласа за Тамара на Евровизија

Премиерот Зоран Заев попладнево на својата официјална Фејсбук страница ја поддршка нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.

Навиваме денеска за Тамара и ѝ ја посакуваме целата среќа, како наш претставник на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел. Се надевам сите ќе нѐ направи горди или како што самата кажува во песната, „Raise your voice and say it loudly – I am #PROUD“ (Кренете го вашиот глас и кажете гласно – Се гордеам). ??❤️
Ја повикувам македонската дијаспора да ја поддржи Тамара и да гласа за број 1️⃣7️⃣, на втората полуфинална вечер, која ќе започне вечерва во 21:00, напиша Заев.