Магазин 01. февруари 2019. / 18:44

Вујовиќ: Смета дека Раул Гозналез е доволно паметен да ја напушти селекторската позиција на Македонија

Вујовиќ: Смета дека Раул Гозналез е доволно паметен да ја напушти селекторската позиција на Македонија

Веселин Вујовиќ смета дека Раул Гозналез е доволно паметен да ја напушти селекторската позиција на Македонија, причина според популарниот Вујо е презаситеност на „Ел Команданте“ .

Веселин Вујовиќ во интервју за „Балкан Хендбол“ вели дека Раул Гонзалез повеќе нема да биде селектор на ракометната репрезентација на Македонија.

-Раул е паметен, веќе нема да биде селектор на Македонија , знам по себе, кога се вратив од Олимписките игри во Рио, бев потполно празен во Загреб. Сега и Јакобсен ќе биде таков во Рајн Некар и мислам дека таа светска титула скапо ќе го чини клубот. Исто мислам дека Раул ќе биде празен, на високото ракометно ниво, сите работи се плаќаат. Кога си во Ниш, кога играш СЕХА-лига, тоа не е страшно, но кога водиш тим во ЛШ и имаш репрезентација, тогаш многу се трошиш. Верувајте, се работи за тешка задача – изјави Вујовиќ .

РФМ на 16 февруари закажа Редовно Годишно Собрание , можно е предвидувањата на Вујовиќ да се остварат но и секако останува опцијата Гонзалез да ја води Македонија до следното ЕП и настап на континенталниот шампионат.