Магазин 06. јануари 2020. / 20:15

Во домот на Мицкоски паричката се паднала кај сопругата Рози

Во домот на Мицкоски паричката се паднала кај сопругата Рози

На Божик во семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има двојно славење. Со сите православни обичаи се слави Христовото раѓање, но и именденот на домаќинот.

Но, пред Божик е бадниковата вечерва на која се дели лебче со паричка. Редакцијата на „Лидер“ го побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да го прашаме кај кого се паднала паричката? Тој ни соопши дека годинава среќата била кај неговата сопруга Рози, кај која се паднала паричката.

Пред само неколку дена, Рози Мицкоска во интервју за весникот „Вечер“, откри како се прославуват Бадник и Божик во семејството на човекот за кого многумина мислат дека ќе биде премиер по изборите на 12 април.

– За Бадник правиме домашно лепче со паричка, а за децата е многу возбудлив моментот кога го кршиме. Пет години наназад паричката се паѓа кај Христијан. За Божик, кога е и неговиот именден, традиционално, со дома месена погача одиме во Соборниот храм, кршиме лепче и палиме свеќи за здравје. Потоа, во домашен амбиент ручаме само со најблиските, во пријатна атмосфера. Инаку, можам да кажам дека јануари е месецот на нашето семејство. На 20 јануари го славиме Свети Јован, именденот на постариот син, а на 30 јануари го славиме Свети Антониј, роденден и именден на помалиот син, а, вели таа и додава, дека уште откога се венчале со Христијан, сами со семејството, или со најблиските пријатели, во домашен амбиент, ја слават и Нова година. – изјави Рози.

Рози е вработена жена, која многу ја сака својата професија и како професор по македонски јазик во скопската гимназија “Орце Николов” дава се од себе да ги поттикне тинејџерите да читаат книги и добро да го научат и да го почитуваат мајчиниот јазик.

Рози е и мајка на 12-годишниот Јован и на тригодишниот Антони, кои како што вели, ги растат заедно со сопругот, но сега, кога тој се занимава со политика, таа презема поголем дел од задачата за нивно виспитување.

Иако нејзиниот сопруг на митинзите покажува голема енергија, таа вели дека во кругот на семејството и со децата е сосема смирен, и оти има исто толку енергија и за нив. За себе кажува дека е позитивна и ведра личност која верува дека во секој човек има нешто добро.