Магазин 28. февруари 2019. / 10:08

Внимавајте на вашите деца: Ликот Момо сее страв кај децата на Јутјуб

Внимавајте на вашите деца: Ликот Момо сее страв кај децата на Јутјуб

Родители, бидете внимателни со видеата на YouTube кои ги гледаат вашите деца.

Последниве денови многу мајки пријавуваат дека на многу детски видеа на YouTube и YouTube Kids се појавува ликот Момо. Видеата започнуваат нормално и не изгледаат сомнително, а ова се појавува по кратко време среде видео. Се појавува во Peppa Pig, Lol doll, видеа од Fortnite и други.

Светот е во шок од ова, а децата се преплашени. Измислениот и грозно направен лик Момо им се заканува на децата дека мора да го додадат на Whats App или ќе ги убие додека спијат.

Децата го додаваат и потоа Момо им дава опасни предизвици – да вклучат шпорет кога сите спијат, да ги украдат и испијат апчињата на родителите, да се самоповредуваат итн.

Ликот е толку ужасно направен што и самото негово појавување е стресно за дечињата.

Ако сретнете такво видео, веднаш пријавете го.

Сепак, не постојат докази за ова, како и за случаи на самоубиство кои се поврзани со овој предизвик, а од YouTube демантираат и велат дека немаат никаков доказ за Momo Challenge на YouTube.

Внимавајте на вашите деца и контролирајте што гледаат на интернет!