Ова е моментот кога двајцата пешаци беа принудени да трчаат за да ги спасат своите животи додека се сруши станбен блок во Украина.
Шокантното видео е снимено во црноморското одморалиште во градот Одеса, на југот на Украина.
На видеото се гледаат пешаците како се движат близу до зградата во распаѓање кога одненадеж трите спрата се рушат предизвикувајќи огромен облаг од прав.
За среќа, парот – маж и жена – го забележаа она што се случува токму навреме и беа во можност да избегаат пред да бидат затрупани.
Никој друг не бил повреден бидејќи 130-години старата зграда била напуштена, а од пред неколку години се сметала за небезбедна.