Магазин 24. септември 2019. / 21:43

(ВИДЕО) Силно невреме го погоди Прилеп

(ВИДЕО) Силно невреме го погоди Прилеп

Силно невреме попладнево го погоди Прилеп, објави „Маркукуле“.

Невремето било проследено со силен дожд и страшни грмотевици, додека наместа паѓало и град. Невремето траело 15-тина минути и предизвикало поплави низ целиот град.

Булеварите и улиците се под вода, а најголеми проблеми имаат граѓаните од населбата Тризла, каде како што информира „Маркукуле“ водата им влегла и во домовите.