Истражниот комитет на Русија објави нов видео-запис од ланската катастрофа на 5 мај на авионот Сухој суперџет 100 на „Аерофлот“ во Москва. Видеото покажува како горел задниот дел од авионот, спасувањето на патниците и интервенцијата на пожарните.
Во несреќата загинаа 41 од вкупно 78 патници во авионот. Според официјалната верзија, набргу по полетувањето на авионот од аеродромот „Шереметјево“ избувнал пожар и пилотот побарал принудно слетување. Истрагата, пак, го обвинувата пилотот Денис Евдокимов за „тврдото“ приземјување и го отфрли неговото тврдење дека авионот бил оштетен и командите не функционирале.