Магазин 08. октомври 2019. / 16:02

(ВИДЕО) Нов биланс: Во „Клисурата на смртта“ на Тајланд паднале 11 слонови

(ВИДЕО) Нов биланс: Во „Клисурата на смртта“ на Тајланд паднале 11 слонови

Уште пет диви слонови загинаа во Тајланд по пад од врв на водопад во обид да го спасат младото од слон, со што бројот на загинатите животни се искачи на 11, покаажа снимките од воздух.

Само два слона од целото крдо го преживеале падот од 200 метри високата карпа. Се се случило бидејќи младото се лизнало и паднало низ водопадот во паркот „Као јаи“ на југот од Тајланд.

Сличен инцидент се случил и во 1992 година кога загинале осум слонови.

Во Тајланд во националните паркови живеат помеѓу 3.500 и 3.700 диви слонови.