Магазин 18. декември 2020. / 11:01

Вице Заев: Мајка ми секој ден плаче кога го критикуваат брат ми Зоран на телевизија

Вице Заев: Мајка ми секој ден плаче кога го критикуваат брат ми Зоран на телевизија

Во интервју за Слободен печат, вчеравечер, братот на премиерот Зоран Заев зборуваше за односите во семејството Заеви. Тој вели дека неговата мајка е посебно погодена кога медиумите зборуваат лошо за Зоран.

На прашањето за односот на премиерот Зоран Заев кон Бугарија Вице Заев вели дека премиерот е многу толерантен.

– Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија. Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат. Со потезите што ги прави и со Грција и со Бугарија ја става на ризик и сопствената и семејната кариера, но храбар е и тоа треба да се цени, вели братот на премиерот Зоран Заев.

Додава и дека не се плаши од никого иако имало закани по социјалните мрежи.

-Сепак, нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки. Jaс не читам што пишуваат за мене и брат ми на социјалните мрежи, јас не користам социјални мрежи. Во политика не планирам да се вклучувам, додаде Вице Заев.