Магазин 29. март 2019. / 09:32

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Важни информации за сите кои тргнуваат на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апел до возачите да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца) од 15.11.2018 до 1.04.2019 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Од 21.03.2019 на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, е затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Виадукт трејд од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од четири месеци (120 дена), на потег од бензиска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 изведува градежни работи на пат на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација

На 08.02.2019 годна во 12:20 часот на магистрален пат А4 Скопје – Петровец и обратно поточно на патниот јазол Петровец извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред н.с. Петровец и истиот е поместен по н.с. Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред н.с. Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по н.с. Петровец.

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

АМСМ предупредува возaчите да пристапуваат внимателно и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Oд 21.05.2018 година, започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари) – Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

АМСМ апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно движење на овој потег, прилагодување на брзината и почитување на поставената времена сообраќајна сигнализација поради започнувањето и преземањето на градежни активности.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот

Информативен центар

(02) 15 555