По повод 25 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Државата Израел и Р. Македонија на 7-ми декември (понеделник) започнува „НЕДЕЛАТА НА СОВРЕМЕНИОТ ИЗРАЕЛСКИ ФИЛМ“, која овој пат поради пандемијата ќе се реализира преку ТВ екраните.
Израелската филмска недела е под покровителство на Министерството за надворешни работи на Израел и израелскиот Амбасадор Дан Оријан, во соработка со невладината организација „Акта Нон Верба“ и “Go2films”, израелска филмска агенција специјализирана за дистрибуција, маркетинг и ко-продукција на најдобрите израелски документарни и научно-фантастични филмови, како и Тв серии и интернационални филмови со еврејска тематика.
За сите љубители на добриот современ филм, во прилог го прикажуваме и распоредот на филмовите:
Понеделник 07.12.2020, МРТ2, 21:00, „Бен Гурион“
Понеделник 07.12.2020, ТЕЛМА ТВ, 22:40, „Израелска љубовна приказна“
Вторник 08.12.2020 онлајн проекција на филмот „Златни гласови“ наменета за здравствените работници (cinesquare.net)
Среда 09.12.2020 онлајн проекција на филмот „Си беше еднаш едно момче“ наменета за здравствените работници (cinesquare.net)
Четврток 10.12.2020, МРТ1, 23:15 „Добро утро сине“
Петок 11.12.2020, ТВ АЛФА, 22:30 „Уметноста на чекањето“