Улицата во лондонското предградие каде Фреди Меркјури живееше како тинејџер беше именувана по пејачот, а на свеченото преименување присуствуваше сестрата на покојниот пејач од познатата група Квин.
Нивното семејство се преселило во Фелтам во западен Лондон, откако го напуштиле Занзибар во времето на револуцијата во 1964 година.
Локалните власти се согласија да го преименуваат делот на патот Ханвортрт каде е седиштето на Светската зороастриска организација. Меркјури е роден како зороастриец и како дете практикувал античка религија.
Семејството, всушност, живеело недалеку, на авенијата Гледстоун 22. Меморијална плоча е подигната таму во 2016 година.
Меркур почина во 1991 година кога имал 45 години, од компликации предизвикани од СИДА.