Магазин 26. февруари 2020. / 20:52

Уапсен еден од советниците на Заев поради затајување данок на луксузни недвижнини

Уапсен еден од советниците на Заев поради затајување данок на луксузни недвижнини

Фали Рамадани, еден од советниците на поранешниот премиер Зоран Заев денеска е уапсен во Шпанија, објави „Република.рс“.

Во акцијата на шпанската полиција уапсени се уште пет лица и тоа за перење на пари и корупција. Заедно со Рамадани и неговата сопруга уапсен е и поранешниот голман Никола Дамјанац.

Фудбалскиот менаџер затајувал данок на луксузни недвижности на Мајорка.

Фали и Никола основале фирма за недвижности “SL Majorka Aleksa Terza” кое набрзо било ликвидирано а како управители се воделе нивните сопруги Хајка и Сања.