Магазин 21. јули 2020. / 10:09

„Трио џентлмен” вечерва со целовечерен концерт во Кавадарци

„Трио џентлмен” вечерва со целовечерен концерт во Кавадарци

Во Кавадарци вечер од 20 часот  ќе се одржи целовечерен концерт на „Трио џентлмен”,  насловен  „Поп-класика со Трио џентлмен“. Го организираат Општина Кавадарци и Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со поддршка на Министерството за култура.

„Трио џентлмен”  е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски. Од Домот на културата соопштија дека поп-класичното  пеење е веќе познат жанр низ светот и дека „Трио џентлмен“ е создадено по примерот на веќе познати светски поп-класични состави,  кои подолг период го изведуваат овој музички жанр.

Ова  е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На нивниот репертоар се најголеми светски поп-хитови,  наполитански канцони, латино-композиции,  руски романси, македонски евергрини, балкански поп-композиции и сето тоа изведено во поп-класичен манир, појаснуваат од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.