Магазин 11. февруари 2021. / 23:05

Снимила порно со колега во тајна нуклеарна база: Скандал во Кралската морнарица во Британија

Снимила порно со колега во тајна нуклеарна база: Скандал во Кралската морнарица во Британија

Кралската морнарица е потресена од голем скандал откако офицерка сними неколку порнографски видеа со колега морнар во тајна нуклеарна база и ги споделила снимките на социјална мрежа за возрасни.

Поручникот Клер Џенкинс, позната на социјалната мрежа како Кали Тејлор, објави експлицитно видео од себе со морнарот Лиам Додингтон, коe е направенo на тајната локација на подморницата во Шкотска, пренесува „Њујорк пост“.

 – Командантите не можат да поверуваат. Ова може да предизвика разни безбедносни ризици – изјави еден поморски извор за британски „Sun“. Соочена со своите шефови, Џенкинс ја признала одговорноста и продолжила  да објавува нови снимки за време на викендот.

Портпарол на Кралската морнарица потврди дека истрагата е во тек.

– Доколку персоналот не постапи во согласност со нашите вредности и стандарди, нема да се двоумиме да преземеме соодветни чекори – изјави претставник на Кралската морнарица.