Магазин 08. јануари 2019. / 11:56

Скопска Црна Гора блокирана од снег: Резервите со храна се при крај, жителите во паника

Скопска Црна Гора блокирана од снег: Резервите со храна се при крај, жителите во паника

Жителите на планинските села Брест, Малино, Танушевци на скопска Црна Гора и понатаму се блокирани.

Алармантна е ситуацијата и со болните лица кои имаат потреба од лекување во болниците. Жителите велат дека резервите со храна им се при крај.

– Патиштата се целосно блокирани, движење нема, можеме да одиме само до стоката и тоа со тешкотии. Никој не презема мерки, ниту локалната, ниту централната власт. Имаме многу малку храна, се е при крај, постојано има снежни врнежи. Дрва имаме колку што имаме во дворот, ако и тие се потрошат не знаеме што ќе правиме. Селаните кои се иселени од тука отишле до општината, градоначалникот не е таму, не им излегува пред очи. За Брест, Малина и Танушевци не работи никава механизација за чистење на патиштата – вели жител на село Малина за телевизијата Алсат.