Магазин 14. август 2019. / 21:44

Се огласија од МЗТ Скопје по убиството на нивниот кошаркар

Се огласија од МЗТ Скопје по убиството на нивниот кошаркар

Статус на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје по денешното убиство на нивниот кошаркар Никола Христовски, нивниот статус ви го пренесуваме во целост.

Со голема тага и неверување утринава ја примивме веста за трагичната см рт на нашиот доскорешен член, Никола Христовски (17 години), кој синоќа беше прободен со нож во населбата Ново Лисиче. Сѐ уште не можеме да веруваме дека тој повеќе нема да биде со нас, а вечно ќе се сеќаваме на моментите од изминативе неколку години кога можевме да го видиме неговиот секогаш ведар лик на тренинзите на нашата младинска школа.Тренерите кои работеа со него секогаш ќе го потенцираат неговиот ентузијазам и љубов кон кошарката и кон МЗТ Скопје Аеродром.На неговото најблиско семејство, роднини, пријатели и на сите кои барем малку го познаваа Никола им изразуваме длабоко сочуство за големата загуба, со надеж дека ваква трагедија никогаш и никому повеќе нема да се случи, пишува во нивниот статус.