По објавените бројки на новозаразени со коронавируст вчера на социјалните мрежи еден штипјанец револтирано реагираше до своите сограѓани поради големиот број новозаболени во Штип.
Штипјани , мои сограгани , абе што правете бе луге – 60 заразени од Ковид за еден ден . Толку ли ви е тешко да држете дистанцаи од 2 метри и да не се групирате на секаде ? Нели ви е страв за вас и вашите најблиски ? Не си играјте играчка ,сериозна е работава со вирусот . Да ви предочам само – Индија ( каде што играат стапови за не послушните ) има една милијарда и 350 милиони жители . Рекорд на заразени таму во еден ден е 20000 !? Ако направиме проста споредба , Штип со 50000 жители – 60 заразени , тогаш во Индија на 1, 35 милијарда жители би било 1 620 000 заболени за еден ден !? Значи , рекордот на заразени не го држи Вухан во Кина ниту Индија ,туку нашиот Штип и тоа поголем за 81 пат од досегашниот рекорд ….. Освести се , племе не писмено и не воспитано . Длабоко се извинувам за она “племе“ , ама не можам да најдам соодветен збор ….. И јас сум дел од истото тоа “племе“ . Поздрав до сите штипјани и а’кл у главата .