Магазин 12. јуни 2020. / 10:40

Реакции на Твитер: Цаца е или не, Филипче треба да каже

Реакции на Твитер: Цаца е или не, Филипче треба да каже

Социјалните мрежи зовреа откако на пост објавен од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, јавноста ја препозна сега веќе поранешната директорка на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест по член 205 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, министерот Филипче денеска преку фејсбук информираше дека Славица и Мирјана, двете ќерки на најстарата излечена пациентка од Ковид-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус, минатата недела дарувале конвалесцентна плазма. Објавата министерот ја збогати со фотографија на која меѓу другото се гледа и медицинскиот персонал за кој се шпекулира дека едната од нив е докторката Цаца.

Дали навистина станува збор за бившата директорка на кожно која откако беше на скијање во Италија заразена со корона вирус пет дена одела на работа непочитувајќи ги препораките проценете сами.