Ракометната Федерација на Македонија ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и селекторот на машката сениорска машка репрезентација, Раул Гонзалез, се спогодија да ја прекинат соработката.
По крајот на Мундијалот на кој Македонија заврши на 15. позиција, РФМ и Раул имаа разговори и решија дека е потребна промена.
Oд РФМ велат дека машката А-селекција има потреба да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата. Воедно, проблем во соработката претставувала и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор.
Обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката. Од РФМ му се заблагодарија на „Ел команданте” за досегашното работењe со нашиот А-тим и му посакаа се најдобро: многу успеси и многу титули во иднина.
Раул Гонзалез на тренерското столче пристигна на местото на Лино Червар и ја водеше Македонија на две големи натпреварувања – ЕП 2017 и СП 2018 година.