Македонскиот младински боксер Ардијан Аземи го освои бронзениот медал на Европското првенство во Будва, кој денеска му беше доделен на церемонијата.
Аземи во полуфиналето загуби од Владислав Комаров од Русија на поени со 2-3 во категоријата до 91 кг, но и покрај тоа испиша огромен успех затоа што Македонија освои прв медал по 25 години.
Последен пат македонски боксер кој освоил таков медал е претседателот на боксерската федерација Примислав Димовски во далечната 1995 година.