Угостителски работници поставија празни столчиња пред Бранденбуршката порта во Берлин во знак на протест против продолжувањето на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.
Сопствениците на ресторани и членови на германската заедница за гастрономија организираа „Протест на празни столчиња“ во знак на несогласување и со недоволните, според нив, мерки за економска поддршка од страна на владата.
Ограничувањата во Германија можат да се олабават ако во државата бидат потврдени само неколку стотици новозаболени од корона вирусот дневно, наместо сегашните над 2.000. Ова е став на институтот „Роберт Кох“, чија проценка во принцип се зема преедвид од страна на властите.
Денеска Институтот регистрираше 2.337 нови случаи во Германија и вкупниот број заболени изнесува над 150.000 лица.