Магазин 01. септември 2019. / 18:45

Повеќе од еден час се чека на Табановце

Повеќе од еден час се чека на Табановце

Зголемена фреквенција на возила се бележи на граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е повеќе од еден час.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Иако собраќајот се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.