Магазин 30. мај 2020. / 23:35

Поради страв од корона на туристите им се забранува да ги допираат мајмуните

Поради страв од корона на туристите им се забранува да ги допираат мајмуните

Гибралтар им забрани на туристите да ги допираат популарните берберски макаки мајмуни од страв дека припадниците на оваа врста би можеле да се заразат со корона вирус.

Владата на оваа британска колонија го усвои законот со кој допирањето на мајмуните во најголемиот број на случаи е забрането, пренесува Гардијан.

Во соопштението на владата се истакнува дека ќе бидат преземени строги мерки, како би се спречил контактот со макаките.

Берберските макаки е единствената европска популација на мајмуни во дивина и популарна туристичка атракција. Локалните преданија велат дека доколку овие мајмуни исчезнат, Гибралтар повеќе нема да биде британска колонија.