Магазин 04. април 2020. / 20:45

Пинк и нејзиниот син позитивни на корона вирусот: Побара масовно тестирање

Пинк и нејзиниот син позитивни на корона вирусот: Побара масовно тестирање

Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на корона вирусот, како и дека ќе донира по 500.000 долари за две служби за итна помош. Таа на Твитер напиша дека заедно со нејзиниот тригодишен син почувствувале симптоми пред две недели, по што била тестирана.

Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство се веќе во домашна изолација и се негативни на Kовид-19.

Добитничката на наградата Греми се залага за слободно и масовно тестирање.

Неуспех е на властите што тестовите не се достапни. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мораат да знаат дека ги напаѓа и младите и возрасните, и здравите и болните, и богатите и сиромашните. Затоа тестовите мораат да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и општеството – истакна Пинк.