Магазин 10. јули 2020. / 16:02

Петочно дружење со „Нокаут“

Петочно дружење со „Нокаут“

Пере и дружината ќе бидат дел од забавата под мотото Петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена во Intermezzo Music Bar од каде, пак, велат дека продолжуваат со серијалот притоа задржувајќи ја традицијата да бидат секогаш уникатни и поразлични од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња и неколкумесечна пауза заради корона кризата.

Најавениот анплагд концерт на Пере и Нокаут е закажан за утревечер, 10 јули, а бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.