Девојка, наводна за време на сексуалниот однос била убиена од својот партнер. Парот за време на сексот користел наполнет пиштол, а потоа се случила трагедија. 23-годишниот Ендру Чарлс Шинолт ѝ рекол на полицијата дека тој и 24-годишната Палома Вилиамс користеле пиштол за сексуално заведување и возбудување.
Рекол дека случајно пукал во жртвата во својата куќа во Флорида. Со неа се забавувал две недели. На полицијата ѝ рекол дека бил на ивицата од клреветот и дека Палома била меѓу неговите нозе, а потоа се случила трагедијата.
Осомничениот е уапсен поради убиство, а кога се случило злосторството ги повикал родителите да му помогнат. Палома имала рана на градите, била однесена во болница, но набрзо починала. Осомничениот рекол дека двајцата биле под влијание на дрога кога се случило убиството.