Музеите ги отвораат вратите за туристите. Веќе е направена дезинфекција на објектите во охридските музеи.
Подготвени се да ги почитуваат протоколите, кои ги донесе Владата,обезбедени се средства за дезинфекција, ќе има редари кои ке го контролираат бројот на посетители за да се запази потребното растојание.
Пред билетарниците се обележува растојание,а гостите ќе се известуваат дека не смеат да ги допираат изложените експонати.
Подготвени сме з отпочнување со работа веднаш. Имавме пораст секоја година бројот на посетители се големуваше, Посетеноста од година во година бележи пораст се надеваме дека и оваа сеозна ќе имаме добра посетеност поради тоа што групите кои што беа зажани, како странските така и домашните туристи ги презакажаа турите, не се откажани така да се надеваме на добра туристичка сезона и добра посетеност на објектите“, вели Даниела Неделковиќ директор на Завод и музеј Охрид.
Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, според протоколот, треба често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол. Предвидени се засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси.
Осумте музеи во Охрид поради пандемијата од март беа под клуч. Куќата на Робевци, Галеријата на икони, Музејот на вода, куќите на Прличев и Узунов, културно историските споменици Самоиловата тврдина, Античкиот театар и археолошките локалитети лани имаа рекорден број на посетители. Од викендов повторно започнуваат со работа.
извор: Охриднет