Одрони од карпи го блокираа патот кон кавадаречкото село Шешково.
-Според наше мислење, причина за одроните се дождовите. Се обидовме да ги тргнеме големите камења, но не успеавме во тоа. Потребна е механизација за да се успее да се тргнат и да се ослободи патот за движење, рече Гоце Ангеловски, жител на селото.