Магазин 05. февруари 2021. / 14:38

(НАЈАВА) Ангелка Пеева Лауренчиќ гостин во „Лидер на неделата“

(НАЈАВА) Ангелка Пеева Лауренчиќ гостин во „Лидер на неделата“

Гостин во „Лидер на неделата“ со Катерина Тодевска Спасиќ ќе биде Ангелка Пеева Лауренчиќ, косопственик и директор на „Image PR“.

Таа е магистер по комуникации и докторант по комуникологија и односи со јавноста. Со неа ќе се разговара за лидерството, за лидерите, дали лидер се раѓа или се станува, за лидерот и стравовите, лидерите и пријателите.

Емисијата почнува од 15:30 часот, а може да гледате live stream на Фејсбук страницата на Радио Лидер или да слушате на 107.4 fm.